Бранд Ферро: Македокс си создаде своја публика

Бранд Ферро: Македокс си создаде своја публика

Критичари, режисери, луѓе од медиумската јавност, како и голем број на новинари се собраа во Куршумли ан за да го одбележат почетокот на четвртото издание на „Македокс“, македонскиот интернационален фестивал за документарни филмови што ќе се оддржува до 21-ви јуни на две локации, Куршумли ан и Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

Македокс си создаде своја публика

Годинешното мото на фестивалот е детоксикација преку добар документарен филм. Според Бранд Феррро, еден од организаторите на фестивалот, мотото е директно поврзано со филмовите кои ќе се прикажуваат.

„Оваа година нема ништо ново, само што остаревме, веќе не сме млади“, изјави Ферро.

Според него, Македокс веќе си создаде своја публика и луѓето умеат да го препознаат Македокс како место за добар документарен филм.

„За среќа годинава не се прикажува фудбал на телевизија, па се очекува поголема публика“, се шегува Ферро.

„Скопје 63’ “ и „Во потрага по Шугармен“ го отворија новото издание на фестивалот

Бранд Ферро: Македокс си создаде своја публикаСо спомен од некогашната 63’, документарниот филм ги оживеа на некој начин сите оние кои погинаа во таа кобна година за Скопје, годината кога се случи земјотресот.

Со автентични снимки кои го документираат тој период и сведоштва на ликови од таа потресна приказна ја натера публиката да ги впие сите кадри во еден здив, не правејќи ниту еден шум кој што ќе ја наруши хармонијата што Куршумли ан со своите детали ја имаше создадено.

По трагичната сторија за погубната 63’, „Во потрага по Шугармен“ дојде како мала релаксација, со одличната музика во самиот филм. За разлика од првата, оваа приказна внесе ритам и малку комедија, но и потсети уште еднаш дека материјалното богатство нема никаква врска со убавината на животот.

Филмот е посветен на пејачот од Америка, Родригез наречен Шугармен, односно на неговата потрага од страна на еден човек, откако се создале повеќе верзии за тоа како тој се самоубил.

Во документарниот филм се раскажува и за народот во Јужна Африка, како Јужноафриканците го обожавале Шугармен како Елвис Присли. За славата кој што ја стекнал самиот со неговите стихови, Шугармен дознава дури откако целосно ќе се повлече во својата трошна куќа без да знае дека таму некаде го чека слава и тоа голема. Малкумина од оние кои го гледаа филмот, успеаја да останат рамнодушни на музиката во документарниот филм, музиката на Шугармен.

Ситните детали направија Куршумли ан широко да ги отвори своите порти

Бранд Ферро: Македокс си создаде своја публикаМладиот кромид и свеќите распоредени околу Куршумли ан, како и широкото платно на кое ќе се прикажуваат документарните филмови направија оваа стара градба преку ноќ да заблеска. Ситните детали дадоа автентичност на самиот фестивал и белег по кој се распознава од другите фестивали.

И времето соработуваше со организаторите. Тоа дополнително направи уникатна атмосфера со гледање филм под отворено небо.

Во август ќе продолжи и патувачкото кино на Македокс што традиционално се случува секоја година. Ќе бидат посетени кумановскиот, скопскиот и велешкиот регион.

Емилија Петреска