Брадести хипстери помешани со борци на ИСИС во Шведска

Шведската полиција речиси привела клуб на брадести мажи Bearded Villains, кои се бават со хуманитарна работа.

Andreas Fransson и неговите пријатели се наоѓале пред урнатините на Брахехус замокот во јужна Шведска во саботата, кога двајца полицајци им дошле на „посета“.

„Ни рекоа дека минувач пријавил дека видел собир на терористи на ИСИС“, вели Fransson.

Откако ја сфатиле ситуацијата, двајцата полицајци „добро се насмеале“ и се вратиле во патролното возило „со насмевка на лицата“, вели Fransson, кој се бави со односи со јавност.

Признава дека знамето на клубот – две вкрстени сабји на црна позадина – може лесно да биде помешано со знамето на терористичката група.

„Припаѓаме на клуб кој е дел од асоцијација создадена во САД, наречена Bearded Villains, а која се бори против неправдата, хомофобијата, расизмот и репресијата“, вели тој.

„Знамето се пренесува од клуб на клуб низ светот и се фотографираме со него со цел да ја прикажеме нашата заедница“, додава.

„Станува збор за смешен инцидент, но срамно е што нé поврзуваат со ИСИС, со оглед на нашата хуманитарна работа“.

Извор: Guardian