Бостонските паркови ќе имаат автомати со бесплатна крема за сончање

Бостон оваа година воведува 30 автомати кои ќе точат бесплатна крема за сончање. Тие ќе бидат поставени во централниот дел на Бостон и во четири други познати паркови. Се очекува автоматите да бидат достапни од 1 јули.

„Ракот на кожата и меланомот се меѓу најраспространетите видови рак и се исто така меѓу оние кои повеќе се спречуваат“, изјави Мет О’Мали, градскиот советник која ја предложи оваа иницијатива во април.

„Ние во Бостон нудиме услуга, промовираме јавно здравје и ги потсетуваме луѓето за значењето на кремата за сончање, без трошоци за граѓаните. Тоа е неверојатно прекрасна иницијатива и со нетрпение очекувам да видам како се шири низ целата земја“, вели О’ Мали.

Идејата за ваквите автомати потекнува од студент по медицина, објаснува градскиот советник, кој тврди дека нивното поставување претставува растечка пракса. Но, ниту еден поголем град не ја покренал иницијативата досега.

Тој соопшти дека ако успее пилот-проектот со 30 почетни автомати, планот е да се прошират во сите игралишта и паркови во градот – во повеќе од 200 од нив.

Ваквиот автомат чини од 100 до 200 долари, така што крајната цена би била до 50 000 долари, но бесплатно за граѓаните.

Проектот претставува соработка со Фондацијата „Меланом“ од Нова Англија и „Направи големи промени“, и двете организации кои се борат против ракот на кожата. Фондацијата ги покрива трошоците за точење, додека другата организација обезбедува автомати.

Вакви апарати претходно беа поставувани по плажите и парковите во Њу Хемпшир.