Босна и Херцеговина: При барање покемони завршиле во минско поле

Хуманитарната организација „Посавина без мини“ од Брчко добила информации дека одредени корисници на апликацијата „Покемон Го“ во Босна и Херцеговина влегуваат во ризичните полиња со мини за да го уловат покемон.

„Се молат сите граѓани да не го прават тоа и да ги почитуваат знаците за минска опасност и да не влегуваат во подрачјата кои им се непознати“, објави организацијата на својата Фејсбук страница.

Играта “Покемон Го“ функционира така што се уклучува геолокација на мобилниот телефон и се прикажува мапата по која играчот се движи. И така се додека не се појави покемон

Тогаш играта се префрла во виртуелна реалност, односно на екранот на мобилниот се гледа реалниот простор во кој играчот се наоѓа преку камерата на телефонот, а покемон може да се појави на дрво, во фонтана, на улица, па и во минско поле.