БОШ фестивал од 26 до 28 август во Гевгелија

Осмото издание на Бош фестивал ќе се одржи од 26 до 28 август на повеќе локации во Гевгелија.  За трите фестивалски дена е предвидени бројни содржини (професионални и аматерски), како театарски претстави и перформанси, музика, поезија, филмови и видеоарт, изложби, работилници и други форми на интердисциплинарни и неконвенционални уметнички случувања, соопштија организаторите.

За оваа година фестивалот најави соработка со Астерфест и Факултетот за ликовна уметност од Скопје.  Фестивалот го организира здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата – Арт Еквилибриум, Гевгелија. Целта е да се овозможи интердисциплинарни соработки, подобрување на локалната култура, влијателни поврзувања.

Сите настани на Бош фестивал воГевгелија остануваат бесплатни, достапни и отворени за посетителите.

Првото издание на Бош се случи во 2009 година, а во чест и сеќавање на прерано починатиот актер и поет, Бошко Бозаџиевски (1981-2008). Досега се одржаа седум изданија на фестивалот на кои учествуваа повеќе од 300 уметници.