Босански воен ветеран го претвори својот ресторан во бесплатна кујна за мигрантите и бегалците

Во Босна и Херцеговина, новата транзитна земја кон европската рута, бегалците и мигрантите пронајдоа добротворна помош и поддршка од локалното население, кое се сеќава на сопствените маки од не толку далечното минато.

Пред четири месеци, околу 70 мигранти пристигнаа во Бихаќ, кој е во близина на границата со Хрватска и поставија шатори во центарот на градот. Градоначалникот Шухрет Фазлиќ предложи да се преместат во бетонски полуизграден објект на периферијата на градот.

„За време на војната, Бихаќ бил под опсада 1200 дена“, рече Фазлиќ. „Ние чувствуваме голема емпатија кон овие луѓе“.

Во моментов, во зградата живеат околу 1000 луѓе.

Неколку мигранти и бегалци сакаат да останат во Босна, повикувајќи се на недостаток на економски можности, но како што луѓето биле постојано и насилно туркани назад од Хрватска, тие се добредојдени од многу локални жители.

Асим Латиќ, сопственик на ресторан во Велика Кладуша, друг пограничен град, рече: „Во февруари видов еден човек што стоеше на улица во снегот. Го прашав дали е гладен, и рече дека нема пари. Реков дека тоа не е важно и го нахранив. Момчето им пиша на своите пријатели и следниот ден дојдоа. Се повеќе луѓе доаѓаа и морав да го затворам ресторанот. Од тогаш, дадовме 68.000 оброци”.

Латиќ (63) сега добива средства од Меѓународната организација за миграции, но два месеци тој и тројца пријатели ја финансирале акцијата.

„Ние сме воени ветерани. Знаеме што значи да се нема ништо, знаеме што значи да се биде гладен “, рече тој за време на интервју во задниот дел од неговото кафуле, додека десетици луѓе јадеа шпагети на предната страна.

Како што поминуваа месеците, расположението почнало да опаѓа. Во понеделникот во Бихаќ, локалните жители протестираа против моменталната ситуација. Најголем дел од лутината беше упатена кон властите поради неспособноста да ја контролираат ситуацијата, но исто така се зголемува несигурноста од мигрантите.

Харун (20) држеше знак на кој вели „Мигранти, одете си дома”. Тој рече дека три дена претходно, двајца мигранти му го украле мобилниот телефон, најверојатно како резултат на кражба од хрватската полиција, тврдење што се појавува постојано.

Ситуацијата е отежната од комплексниот и дефункционален политички систем во Босна, кој има четири различни нивоа на власт. Дополнително, во октомври се закажани избори. Милорад Додик, кој го предводи српскиот мнозински ентитет кој формира половина од босанскиот политички систем, тврди дека сараевските власти намерно ги населуваат муслиманските мигранти со цел да го сменат демографскиот баланс на земјата.

Фазлиќ рече дека владата во Сараево е позагрижена за постигнување на политички поенти од наоѓање на практично решение за ова прашање. „Има толку многу лажговци во политиката кои ќе кажат што било за политичка предност”, рече тој.