BookStar 2017 – целосна програма

Третото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, ќе се одржи од 25 октомври до 5 ноември 2017 година под слоганот „Читај бе, братучед, читај!“.

Фестивалот оваа година има цел да ја одврати книжевноста од маргините на македонската културна сцена, да ги претстави квалитетните домашни и странски современи писатели што пишуваат за културолошките феномени на нашето време, како и да ја поврзе книжевноста со другите уметности.

Во продолжение, погледнете ја целосната програма:

25 октомври – 20 часот – Клуб ресторан МКЦ

Ви го претставуваме првиот гостин на Фестивалот „BookStar“ – Илја Леонард Фајфер. Со потекло од Холандија, а уморен од државниот систем што воопшто не создава неврози – овој поет, прозаист и естетичар [види фото] се преселува vo Џенова – топлиот приморски рај во која најобичната задача се претвора во мини-авантура низ бирократскиот пекол и ја прави ПОЕТИКАТА НА ГРАДОТ GREAT AGAIN преку полуавтобиографскиот и фантастичен роман „LA SUPERBA“. Романот е значајно дело за хаотичниот Цајтгајст и ги опфаќа темите на емиграцијата, сексуалните идентитети, расизмот, бирократските лавиринти и, се разбира, љубовта. Кога не пишува за политички маченици како Кен Саро Вива, пишува за C&A џемпери, ФИАТ КРОМА, баркодови, пиво во лименки, цврсти газиња и дебели црева. Фајфер е самокритичен и хумористичен и ако нешто најмалку поседува тоа е тешкиот, елитистички и снобовски карактер кај интелектуалците.

26 октомври – 20 часот – Клуб ресторан МКЦ

Треба да е лесно да се претстави македонската поддршка на Фестивалот на европската литература „BookStar“ , но поезијата кажува сè. Снежана Стојчевска е авторка на поетската збирка „Треба да е лесно“, која ќе биде промовирана во рамките на „BookStar“… Во продолжение прочитајте што Vladimir Martinovski има да каже за нејзината книга и дел од нејзините стихови.

„Најновиот, четврти по ред, поетски ракопис на Снежана Стојчевска, уште со насловот (Треба да е лесно), на ефектен начин асоцира на нејзината препознатлива поетика, во која се потврдува начелото на Р. Тагоре дека за убавите песни имаме чувство дека ние сме ги напишале.

Поетската интуиција на Снежана Стојчевска ја опева трансформативната моќ на љубовта: токму кога вистински и интензивно се љуби, светот станува убаво место за живеење.

28 октомври – 20 часот – Клуб ресторан МКЦ

Саркастична, критична и со остар стил на пишување, втората гостинка на третиот по ред „BookStar“ е Јела Кречич Жижек. Словенечка новинарка, колумнистка и филозофка, работи во најголемиот словенечки весник „Дело“, каде што објави интервју со Џулијан Асанж, а на книжевната сцена дебитира со романот „Нема друга“.

Во 2013, Јела Кречич стапува во брак со словенечкиот филозоф Славој Жижек.

Кречич во својот роман прави карикатура на современите љубовни врски и прецизна скица на недоветниот љубовник на 21 век [fuccboi 1.01]. Преку алтернативниот и ноќниот живот во Љубљана, Метелкова, лесните пороци и кратките врски, Јела Кречич преку дијалозите ги отвора и најголемите култоролошки феномени на современото општество: борбата меѓу идеологиите, консумеризмот, „њу ејџ“ филозофијата, капитализмот, религијата, атеизмот, феминизмот и слободата на говорот, за на крајот сето тоа да биде насочено кон латентниот шовинизам, кој е присутен насекаде.

* Балканска трагикомедија што го зближува јазот помеѓу современоста и традицијата на овие простори.

30 октомври – 20 часот – Кино Култура

„Hold Me, Thrill Me, Kiss Me, Kill Me“ – книжевна дискусија на тема: Ограничувањата и предностите на жанровската литература

Модератор: Владимир Јанковски

Учесници: Хокан Несер, Елизабета Шелева, Влада Урошевиќ, Калина Малеска

Во историјата на книжевноста, поточно во валоризацијата на книжевните дела, веќе одамна е напуштена идејата за големата разлика меѓу т.н. високи и ниски книжевни жанрови, т.е. жанрови што имаат високи уметнички дострели и жанрови што служат само за забава, т.е. се дел од популарната култура. Искуството во изминатите 50 години покажува дека жанровите се преплетуваат меѓусебно и дека жанрот многу често претставува само лажна рамка преку која писателот се обидува да проговори за феномените што го интересираат. Од „Името на розата“ на Умберто Еко до „Се викам Црвена“ на Орхан Памук, жанрот игра двојна улога – од една страна тој е магнет за одреден вид читатели, но од друга страна се покажува дека можностите на жанрот се речиси неограничени. Во рамките на разговорот ќе бидат отворени овие прашања – како одредена литература што припаѓа на еден строго одреден жанр станува литература што ги надминува капацитетите и можностите на жанрот; дали жанрот ограничува или дава слобода; можеме ли да зборуваме за жанрови во денешната ситуација со литературната сцена; како жанрот е поставен во контекст на пулп-литературата; дали издавачките стратегии на ставањето на книгите во одредена рамка, маркетиншка ниша, негативно влијаат врз литературата…

30 октомври – 21 часот – Кино Култура

МАКЕДОНСКИОТ УМЕТНИЧКИ МАГ – МИЛЧО МАНЧЕВСКИ НА БУКСТАР 2017!

* Thursday (short)

* Before the Rain (feature)

* End of History (short)

* Bikini Moon (trailer)

Писател, режисер, сценарист, фотограф, професор, музичар.

Автор на „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“.

На „Четврток“, „Крајот на времето“ и на видеоспотови.

И на книгата „Слики, зборови и лаги“ и други раскази и есеи.

Со „Пред дождот“ го освои светот и ја исцрта Македонија на светската филмска сцена. „Пукај бе, братучед, пукај!“ е инспирација и по повеќе од 20 години.

Со „Прашина“ си поигра со очекувањата и ги остави со зинати усти критиката и публиката. Уште се чудат што мајка бара Корто Малтезе.

„Сенки“ е првиот и единствениот хорор во македонската филмска историја.

„Мајки“ беше цензуриран, забрануван и озборуван. Измеша реалност со фикција, фикција со фикција, реалност со реалност.

Отсекогаш ги поместувал границите и ги надминувал очекувањата.

„Бикини мун“ го чекаме како бел леб.

31 октомври – 20 часот – Клуб ресторан МКЦ

#Авторот е мртов, Роланд Барт се смешка, а Хокан Несер доаѓа во Скопје!

Брз, циничен, несентиментален, депресивен и душевен, Ван Ветерен е најпривлечниот ужасен херој и затоа ќе го обожавате.

„Од овој прекрасен роман на еден од најистакнатите шведски крими-писатели може да се напише сценарио за филм на Алфред Хичкок.“ – The Times and The Sunday Times

За фановите на скандинавските трилери Хокан Несер би требало да биде во првите пет од листата. Тој е еден од најценетите шведски автори на трилер-романи и е првиот што трипати ја добил наградата за најдобар шведски крими, а исто така и единствениот што ја освоил данската награда „Розенкрац“ двапати по ред. Како автор се движи меѓу жанровите, но најпознат е по крими-серијалите за Ван Ветерен и за Гунар Барбароти, кои постигнаа исклучително голем успех како во Шведска така и во светот. Во август годинава на локации во Србија, Словенија, Хрватска и Белгија заврши снимањето на крими-трилогијата филмови на англиски јазик со Бен Кингсли, Бено Фурман и Тува Новотни во главните улоги, снимени по негови книги што ќе бидат објавени следната година.

Биографии за авторите кои ќе се претстават на книжевниот фестивал „Bookstar2017“:

ИЛЈА ЛЕОНАРД ФАЈФЕР

Илја Леонард Фајфер е роден на 17 јануари, 1968 во Ријсвик во Холандија. Се пробива на сцената со збирката поезија OF THE SQUARE MAN во 1998, со 50 песни кој се уникатни и чудни. За истата збирка во 1999 ја добива наградата С. Buddingh.

Освен како поет, Фајфер има учено грчка култура / поезија на LEIDEN UNIVERSITY. Има напишано десертација на поезијата на ПИНДАР и објавил една публикација за историјата на класичната литература која е разбирлива и за обичниот читател. Кога станува збор за неговата поезија Фајфер има јасни и гласни ставови и тие не се присутни само во неговата песна FAREWELL DINNER, каде што го diss- а Ханс Фавереј пишувајќи дека има butter-baked images & bulimic verse. Поетичните полемики на Фајфер не оставаат место за двоумење кога стануза збор за тоа каква поезија сака тој. Го сака LUCEBERT, бидејќи има интровертна затворена поетика посветена на сонувачите со нежни срца. Поезијата треба да е жива, а според зборовите на LUCEBERT, „life in full“.

Па така, Фајфер, „стилскиот перфекционист“, го цитира Езра Паунд, Хорас и Лучеберт, Дерек Волкот, Херман Гортер, Ханс Фавери, Мартинус Хијхоф,  Жерард Реве… и стрипови. Тој не пишува само за политички маченици како Кен Саро Вива, туку пишува и за C&A џемпери, ФИАТ КРОМА, баркодови, пиво во лименки, цврсти газиња и дебели црева. Фајфер е хуористичен,  самокритичен и шегобиец на сопствена сметка, и ако нешто најмалку поседува тоа е тешкиот, елитистички и снобовски карактер кај интелектуалците.

Халкан Несер

Хакан Несер, роден во 1950 година, е еден од најпознатите  автори на Шведска. Неговите криминални романи се исклучително успешни и во Шведска, и на меѓународно ниво, и резултираа со неколку филмови. Тој се без напор се движи помеѓу жанрови, но најверојатно е најпознат како автор на класичната криминална серија “Ван Ветерен” и книгите за инспектор ГунарБарбароти. Книгите на ХоканНесер се преведени на повеќе од 25 јазици и продадени преку 13 милиони копии ширум светот.

Хакане роден во Кумла и работел како наставник во средното училиште во Упсала пред да стане писател. Неговото деби, романтичниот роман Кореограф беше објавен во 1988 година, а во 1993 година ја издаде својата прва книга со главниот инспектор ван Ветерен, првиот дел од тоа што се претвори во серија од десет книги. Главниот лик, Ван Ветерен, е детектив во раните романи, а подоцна и сопственик на продавница за стари книги. Дејството на книгите се одвива во фиктивен град наречен Маардам, кој се наоѓа во северна Европа во земја која никогаш не е именувана, но е слична на Шведска, Холандија, Полска и Германија.

По 10 криминални романи за инспекторот ВанВетерин, ХаканНесер во 2006 година претстави уште една книга. Последната книга беше издадена во 2012 година. Серијата се фокусира на инспекторотГунарБарбароти, кој живее во малиот град Кимлинг на југот на Шведска. Планирана како криминална серија, романите на ХаканНесер заБарбароти не ја следат класичната структура на криминалните романи. Првиот наслов „Човекот без куче” може да се опише како драматична сага за традиционално шведско семејство. А сосема друга приказна е напишана од перспективата на убиецот, давајќи им на читателитеповеќе информации отколку на полицијата. Третиот наслов, „Приказната за г-дин Роос“ е приказна за еден човек кој го остава својот стар живот зад себе за да најде нов почеток. „Осамените“ не враќаат назад во времето на 1970-тите, кога група на студенти преку чии патувања зад железната завеса ќе ги променат засекогаш своите животи. Петтата и последната книга за ГаннарБарбароти е исто така првата и единствена книга за Елен Бјарнебо, “Јагнешко месо од мала Бурма”. Серијата за Барбароти е објавена во повеќе од 10 земји и има продадено повеќе од 2 милиони примероци ширум светот.

Другите познати дела на Несерсе романот  “Лето со Ким Новак“, и „Циркусот Пикадили не се наоѓа во Кумла“, „Сенки и дождови“, филозофскиот трилер “Мувата и Вечноста”, епистоларниот роман “ДрагаАгнес!”, колекцијата од кратки приказни „Барионовиот триаголник“ и „Хоризонтот на д-р Климке“, њујоршкиот роман „Црви на Кармин Стрит“ и романот “Небото над Лондон”. Во  2013 година беше објавена „Живите и Мртвите во Виндсор“, а „Единаесет дена во Берлин“ беше објавена во 2015 година.

Хакан Несер е првиот автор кој три пати ја добил наградата за најдобар шведски криминален роман, а исто така и единствениот кој некогаш ја освоил данската награда Rosenkrantz-prisenдва пати. Тој исто така е награден со TheRipperAward во 2010 година.

Јуси Адлер-Олсен

Јуси Адлер-Олсен почна да пишува романи во 1990 година, после долга кариера како издавач, уредник, филмски композитор за цртаниот филм Valhalla и книжар.

Дебитираше со трилер „Alfabethuset” (1997), кој достигна статус на бестселер и во Данска и на меѓународно ниво, исто како и неговите последователни романи “И таа се заблагодари на боговите” (2003) и “Вашингтонскиот декрет “(2006). Првата книга за Одделот Q е “Жената во Кафезот” (2007), а втората “Убијците на Фазани” (2008). Главниот детектив е заменик-началникотКарлМорк од Одделот Q, заедно со Асад и Роуз. Третатакнига, “Порака во Шише”, беше објавена есента 2009 година и ја доби наградата Readers’ BookAward од читателите на BerlingskeTidende, наградата HaraldMogensen, како и најпрестижната награда на Скандинавското Друштво написатели на криминални романи GlassKey. Четвртиот том во серијата Q “Дневник 64” беше објавен во 2010 година, а ЈусиАдлер-Олсен ја доби наградата на TheGoldenLaurelsво 2011 година. Во декември 2012 година беше објавен петтиот роман “Ефектот Марко” во Данска, а во октомври 2014 година следеше шестото одделение за одделот Q, “Бесконечното”, кое со своето објавувањенаправи рекорд во Данска со повеќе од 230.000 продадени книги само за првото издание.

Освен тоа, Јуси Адлер-Олсен беше именуван како „Омилен автор на Данците” во 2011, 2012 и 2013 година, што ја натера организацијата направи промена со која ист победник не може да биде избран повеќе од еднаш во тригодишен период.

Романите на ЈусиАдлер-Олсен имале големо влијание и во странство, тој е награден со: “TheRipperAward” во Германија 2015; TheSealedRoomAward во Јапонија за “Жената во Кафезот”; “Најдобра преведен тајна роман на годината”, BestTranslatedMysteryNoveloftheYear, TheCrime – BlitzAward 2011 во Германија за “Пораката во Шише”, француската награда PrixdeLectricestheElle за “Жената во Кафезот”, како и наградатаTheBarryAwardво САД за истата книга, која беше избрана за “Најдобар роман на годината”.

За неговиот прв роман “Alfabethuset” и првите четири книги од серијата Q се спрема и филмска адаптација. “Жената во Кафезот” излезе во 2013 година, а “Убијците на Фазани” во октомври 2014 година.