Бонсаи дрво старо околу 400 години ја преживеало Хирошима и се уште расте

Бел бор аранжиран во стилот бонсаи, кој е стар 391 година, успеал да го преживее атомското бомбардирање на Хирошима и да продолжи да се развива нормално.

Дрвото, кое било засадено во 1625-та година, му припаѓало на семејството Јамаки, кои во 1945 година живееле на околу пет километри оддалеченост од точката на американските сили ја испуштиле бомбата која убила околу 140 илјади луѓе. Иако звучи невозможно, и семејството Јамаки и дрвото ја преживеале експлозијата без смртен случај или деформитет.

Дрвото моментално се наоѓа во Националниот арборетум на САД во Вашингтон. Било дадено како подарок на Соединетите Држави од бонсаи мајсторот Масару Јамаки во 1976 година.

Вработените во арборетумот не знаеле за историјата на белиот бор сѐ до 2001 година, кога внуците на Јамаки ја објасниле исклучителната историја на дрвото кога биле во посета на колекцијата.