Водечкиот италијански издавач на стрипови „Бонели“ се проширува и започнува ТВ продукција на серија базирана на култниот хорор стрип „Дилан Дог“.
Според Винченцо Сарно од „Бонели“, серијата веројатно ќе биде на англиски јазик, oткако издавачот веќе долго време е заинтересиран да заплива во продукциските води.
„Продукција се вика ‘Бонели Ентертејмент’ и ќе адаптира цел универзум на различни стрипови, меѓутоа, ќе биде претпазлива да биде ‘главна во активностите’ по неколкуте ‘лоши искуства’“, рече Сарно.
Тој посочи дека компанијата е во преговори со перспективни италијански и интернационални партнери, вклучувајќи и глобални сервиси за стриминг.
Инаку, „Дилан Дог“ е прилично популарен стрип низ бившите југословенски земји, вклучувајќи ја и Македонија. По киосците се продава веќе 30-ина години. Дури и кога „Дилан Дог“ почна да го напушта концептот на чист хорор, и со новите епизоди жанровски влезе во урбаната фантастика, сепак, незгодите на Дилан Дог и Гручо се уште можат да се најдат во продавниците и меѓу колекционерите.