Болничкиот брод „Комфор“ во Њујорк ќе помага на болниците да се справуваат со коронавирусот

На пристапништетот во Њујорк вчера пристигна болничкиот воен брод „Конфор“, со цел да им олесни на останатите градски болници да се справуваат со голем број пациенти заболени од коронавирусот.

Со 1.000 кревети, 12 операциони сали и 1.200 болничари, „Конфор“ ќе обезбедува третман на пациенти на кои им е потребна интензивна нега, без симптоми на коронавирусот.

„Фактот дека морнарицата е тука, дека војската е тука за да му помогне на Њујорк во време кога на нашиот град му е потребна помош, е многу важно“, изјави за Си-ен-ен градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио додека бродот пловел кон пристаништето во Менхетен.

Со ова, целта е другите болници да се концентрираат на грижа за пациентите со коронавирус.

„Како да е додадена цела нова болница во Њујорк“, рече градоначалникот.