Боб Дилан: Нобеловата награда за литература ме остави без зборови

Американскиот кантавтор Боб Дилан вели дека ја прифаќа Нобеловата награда за литература, со што стави крај на молкот откако беше соопштено дека тој е добитникот, овој месец.

Фондацијата Нобел преку соопштение информираше дека за Дилан ова било чест и наградата го оставиле „без зборови“. Иако, оттаму велат дека се уште не е потврдено дали пејачот ќе присуствува на свечената церемонија во декември.

Наградата беше соопштена на 13 октомври „за создавање на нови поетски изрази во големата американска традициционална песна“. Сепак, неговиот молк предизвика поделени реакции.

Минатата недела, член на Шведската академија, која ги доделува Нобеловите награди, го опиша неговото молчење како „некултурно и арогантно“.