Боб Дилан конечно ќе си ја земе Нобеловата награда

Боб Дилан конечно се согласи да ја прифати Нобеловата награда за литература, која Шведската академија во Стокхолм најави дека ќе му ја додели нему во декември. Дилан не беше присутен на официјалната церемонија минатата година.

„Добрите вести се што Шведската академија и Боб Дилан решија да се сретнат овој викенд“, изјави секретарката на академијата, Сара Даниус, во блог пост. „Академијата потоа ќе му ја продаде Нобеловата диплома и медалот на Дилан, и ќе му ја честита Нобеловата награда за литература“.

„Настанот ќе биде мал  интимен, а нема да има присутни медиуми. Само Боб Дилан и членовите на академијата ќе бидат присутни, а сето тоа е според желбите на Дилан“.

Пејачот има закажано два концерти во Стокхолм, во сабота и недела.

Како прв текстописец кој ја добил престижната награда, Дилан доби и осум милиони шведски круни (839 илјади евра) заедно со признанието.

Дилан не присуствуваше на Нобеловата церемонија во декември поради „претходно договорени обврски“. Во говор прочитан од Амбасадорот на САД во Шведска, Дилан изјави дека бил вчудовиден и изненаден што добил, бидејќи никогаш не ни размислувал дали неговите текстови се литература.