Boaty McBoatface има најголем број на гласови на анкета за име на брод за експедиции

Националниот совет за истражување на околината на Велика Британија (NERC) започна анкета за име на новиот брод за експедиции вреден 2,8 милиони долари минатиот месец, преку кампањата #nameourship. Анкетата беше затворена во саботата на полноќ, а од повеќе од 7000 предлози за име, најмногу гласови доби Boaty McBoatface.

Сепак, иако смешното име доби 78 проценти од гласовите, конечната одлука останува на NERC и извршниот директор, Данкан Вингам.

„NERC нема да ги разгледува сите предложени имиња, а конечната одлука за името ќе биде најавена за кратко време“, објави организацијата.

Инаку, Советот има долга историја на именување на своите бродови според истражувачи, најчесто познати морепловци од Британија од 18 и 19 век, како Ернест Шеклтон и Џејмс Кук. Затоа, се чини дека е тешко дека ќе ја прекршат традицијата и ќе го прифатат предологот.

Инаку, меѓу имињата со најголем број гласови се најдоа и Попи Меј (во чест на девојче кое се бори со рак), Хенри Ворсли (во чест на британскиот истражувач кој почина на почетокот на годинава) и Дејвид Атенборо. Сепак, меѓу предлозите има и доста хумористични имиња, како It’s Bloody Cold Here, Usain Boat, Boatimus Prime и I like big boats & I cannot lie.

Извор: IFL Science