Блокада кај локалитетот Стрижак на планината Јабланица – граѓаните протестираат против каменоломите

Жители денеска ги блокираа активностите за отворање нов камелолом кај струшкиот локалитетот Стрижак, на планината Јабланица.

Во објавата на здружението „Натура Лаб“ на „Фејсбук“, се вели дека на локалитетот Стрижак е испратена група од градежното претпријатие „Илинден“ кои сакале да започнат со ископување на суровини. Затоа, појаснуваат од здружението, група локалци излегле на терен за да го спречат ископот. Тие ги повикуваат жителите да излезат помасовно за да не профункционира уште еден каменолом.

Претходно, во саботата, граѓаните одржаа протест во струшко Лабуништа, блокирајќи го магистралниот пат Струга – Дебар, од каде порачаа да се затворат каменоломите под Јабланица. Појаснуваат дека само во атарот на неколку села работат 6 каменоломи со дозвола, и уште неколку нелегално.

Притоа се заканија дека ако изостане реакција од надлежните, ќе се радикализираат протестите и ќе излезат пред Општина Струга и пред Владата.