Блог во живо @ Студентски марш #2

14:40

„Каде што завршува стравот, таму започнува слободата“ – ова е пораката која ја пратија студенти, средношколци и граѓани на денешниот Студентски марш во Скопје. Повеќе од 6 илјади лица излегоа на денешниот марш кој почна од платото пред УКИМ, продолжи кон Собранието за да заврши пред Владата.

Претставници на студентите влегоа во Владата каде оставија писмо на 5 страници со нивните барања.

Толпата полека се разотидува.

10815620_10152663129803439_1982096532_n

14:30

Голем број битолските студенти на кои им се придружија и средношколците денеска излегоа на протестен марш против државниот испит за идните студенти. Тие се собраа пред Техничкиот факултет во Битола, Технички факултет, по што се упатија кон Медицинското училиште, за преку Широк Сокак маршот да го завршат пред Ректорат на УКЛО.

bitola-3

bitola-4

bitola-6

(Фотографиите се преземени од Тера Телевизија)

14:25

Стотина студенти и средношколци денеска излегоа на протестен собир и во Прилеп за да му кажат „Не“ на предлогот за воведување државен испит на универзитетите. Од Камената бина , групата маршираше кон средните училишта во градот, револтирани од како што велат силните притисоци и кон средношколците и кон студентите за да не излегуваат на маршот. Додаваат дека најголеми притисоци имало од страна на директорите од средните училишта, но и од професорите на Економскиот факултет во Прилеп.

Сепак, за Радио МОФ прилепските студенти велат се задоволни од излезноста бидејќи го разбираат стравот кај голем дел од нивните сограѓани.

10836172_393548900811189_568222166_n

10805347_393548994144513_680919306_n

13:45 Студентите со кренати индекси пред Владата

mars-3

13.20 Студентите стигнаа пред Собранието

sobranie-2 (Copy 1)

12.50: Студентски марш и во Битола, фото: @rizikjak, Twitter.

bitola-1

12:44

[Фото] Студентите се движат кон Собрание: „Кој ќе не замолчи сега, еве не тука сме!“

111

12:22

Маршот од пред платото на УКИМ тргна кон Собранието. Студентите ги повикаа сите граѓани да им се придружат и да дадат поддршка на нивните барања.

12:05

[Фото]Се собираат и студентите во Прилеп

10836418_393499474149465_1129479793_n

11:55

[Фото] Студентите се собираат пред УКИМ

 УКИМ
10846802_10203635442510199_305523857_n
11:30

Студентите од Белград го одложија протестниот собир за поддршка на своите колеги во Македонија. Наместо денеска напладне како што беше најавено, протестот поради технички причини е поместен за утре. Локацијата останува иста – македонската амбасада во Белград, се наведува во ФБ настанот за овој собир.

Во описот на Фејсбук настанот стои дека ова е протест во име на солидарност со борбата на колегите и колешките од Македонија против новите реформи во образованието со кои се нарушува квалитетот на образование и неговата достапност до сите социјални слоеви, ја повредува автономијата на универзитетот и ја ограничува слободата на истражување.

„Да живее борбата на студентите од Македонија. Ние сме студенти, а не клиенти. Еден свет – една борба“, посочуваат српските студенти.

11:10

Упатство за маршот од Студентскиот пленумПленум

10:50

Радио МОФ и овојпат на терен ќе го следи студентскиот протест кој ќе започне денеска напладне пред платото на УКИМ. Со редовни ажурирања, преку  „блог во живо“ ќе известуваме за сите случувања во текот на маршот.

Како што изјавија студентите кои се дел од иницијативата „Студентски пленум“, денеска очекуваат поголема масовност од претходниот марш.

Маршот тргнува од пред платото на УКИМ,  ќе продолжи кон Собранието, за да заврши пред Владата на Република Македонија.