Извикувајќи „Кој ќе не замолчи сега, еве не тука сме“, „Која сила ке го сопре гласот на студентите“, „Студенти независни и силни“, студентскиот марш тргна кон Собранието.
Беа потребни петнаесетина минути за огромната толпа да се собере на раскрсницата кај Трговскиот центар Мавровка, по што се упати кон булеварот.
Евидентно е присуството на полицијата, но како што јавуваат репортерите на Радио МОФ, за сега полицајците пријателски се однесуваат кон студентите.