[Блог] Професор фатил студент како мами на испит со WhatsApp

„Неодамна фатив студент додека мамеше на испитот. Со мобилниот телефон го фотографираше испитниот лист, а потоа преку апликацијата WhatsApp ги праќаше задачите на своите помошници, кои на ист начин враќаа белешки со одговори за кои верувале дека се решенија на испитните задачи“, напиша на својот блог хрватскиот професор од Техничкиот факултет во Риека, Mирослав Јолер, кој целата конверзација на студентот ја снимил и ја пријавил на дисциплинската комисија на факултетот.

 WhatsApp

„Всушност, прво за ова го известив Советот на факултетот кој случајно имаше состанок по испитот истиот ден. На него, со ниту еден збор не се коментираше овој начин на мамење, туку се запрашаа дали сум имал право на студентот да му го одземам мобилниот телефон како доказ“, пишува професорот Јолер.

„Морав да го пријавам од принциелни причини, а поради очигледно кршење на испитните правила и академскиот интегритет, но и со мотивација преку овој случај да предупредам на загрижувачката перспектива која не чека во блиска иднина во контекс на осигурување на регуларноста на писмените испити. Ако не го сторев ова, тогаш и други студенти без грижа на совест овој престап би го повториле уште утре на некој друг испит, задутре на трет, бидејќи односот наставник-студент на испит се перцепира како игра на полицаец и крадец, а не како морален кодекс на кој треба да се придржувате дури и кога никој не внимава на вас“, додава професорот во блогот кој го пренесе Јутарњи лист.

 WhatsApp

Мобилните телефони во моментов се главна закана за кршење на испитните правила. Се збруваше пред извесно време дека од студентите треба да се бара пред испит да ги предадат мобилните на катедрата. Но, ако наставникот има повеќе од 40 студенти на испит, станува незгодно на катедрата да стојат 40 или повеќе мобилни телефони. Но кој вели дека тоа им е единствениот телефон кој го носат? Денес е едноставно да имате повеќе од еден телефон. Со тоа наставникот си создава лажно чувство дека им го одземал „оружјето“, а студентите можат да го извлечат вториот телефон.

Но телефоните се само почеток на наставничките грижи во текот на испитот, пишува во својот блог хрватскиот професор кој ги споменува и развојот на паметните очила, новите паметни часовници и информатичката технологија како иден проблем во однос на кршењето на испитните правила.

„Секако дека пред се мора да се подигне свеста и културата на нашите ученици и студенти за да го почитуваат акасемскиот кодекс на интегритет, но тоа во оваа држава, не би сакал да прогнозирам, но уште долго нема да се случи. И токму поради тоа нам ни е потребна и онаа етичка мерка – ригорозно санкционирање на прекршителите без одложување и многу драма и патетика! Казната би требало да биде толку ригорозна за навистина да го одврати студентот и од самата помисла да се служи со тоа бидејќи во случај да биде фатен ќе знае дека му следува најтешката казна – исклучување од факултетот, односно од училиштето. Кога тоа еднаш ќе се направи, верувам дека би постигнале квантен скок во однос на академскиот( па и останатиот) интегритет. Без тоа, ќе продолжиме, од случај во случај да се натегаме како ситни крадци и полицајци и ќе трошиме време и енергија ан непотребни работи“, дециден е професорот Јолер.