Професорот Блажо Боев е нов ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Тој беше избран едногласно од сите сенатори од Универзитетскиот сенат, на денешната 110 седница преку тајно гласање.
„Целта на УГД е да биде водечки во Македонија во областа на истражувањето и образованието. Ние се трудиме да го работиме тоа, да работиме на начин кој би му користел на оштеството на национално и меѓународно ниво“, изјави новиот ректорот на УГД, професорот Боев.
Во програмата за време на изборот тој истакна дека главни приоритети се и студентите и дека ќе се работи на тоа студентот да не биде попречен во својот развој од финансиски причини.
„При изработката на програмата предизвик ми беа следните аспирации – развој на капацитети за распределба на знаења во Македонија. Ефективно работење со другите институции и партнерства. Засилување на капацитетите на факултетот. Исполнување на целта – ниту еден потенцијален студент да не биде спречен да се пријави на УГД од финансиски или други бариери и ниту еден успех на студентот да не биде попречен од финансиски тешкотии“, додаде Боев.
Новиот ректор на УГД добива мандат од четири години, а секој кандидат може да добие најмногу два мандати.