Битолските средношколци на марш за подобро образование

Под мотото „Борбата продолжува“, Средношколскиот пленум од Битола на 11 ноември најавува марш за подобро образование. Како што се наведува во повикот за маршот, објавен на социјалните мрежи, тој ќе започне во среда напладне, пред средното училиште „д-р Јован Калаузи“.

„На крајот на минатата школска година, ветивме дека ќе ја продолжиме борбата за подобро образование и подобро општество.  Да покажеме уште еднаш дека не сме ги заборавиле нивните реформи! Да покажеме дека се’ уште сме тука и дека нема да престанеме се’ додека не го добиеме образованието што ни прилега! Да покажеме дека сме сплотени и истрајни во она што го бараме! Без образование нема општество“, стои во повикот.

Одлуката за маршот е донесена на генералниот пленум одржан во четвртокот. Како што соопштија тогаш од Средношколски пленумум Битола, за време на собирот на средношколци и наставници во паркот биле посетени од полицијата.