Битолската младина со марш на Широк сокак ја одбележа Неделата на младите

Младите битолчани во саботата, на 6 мај, се вклучија во одбележувањето на Европската недела на младите. Околу 40 млади луѓе, волонтери во Гет Иновација, ученици, како и поканети претставници од НВО секторот беа дел од Младинскиот Марш на Широк Сокак, пренесува локалниот ве сајт Шеталиште.

„Беше организирана Еко-работилница во ОУ „Коле Канински“. Младински марш по Широк Сокак, делење флаери за Еразмус плус програмата и промоција на вебинар со претставници од партнерски организации низ Европа се активностите со кои ГЕТ Иновација се вклучи во одбележувањето на Европската недела на млади, изјави Ана Дајовска проект координатор  во ГЕТ Иновација.

Триесет и три земји низ цела Европа во периодот од 1-ви до 7-ми мај ја одбележуваат Европската Недела на Младите.