Битолчанката Евгенија Дивитарова прогласена за „Млад иноватор“ на „Макинова 2018“

Битолската средношколка Евгенија Дивитарова ја доби наградата „Млад иноватор“ на натпреварот „Макинова“ кој се одржа во Скопје. Таа е меѓу ретките девојки во конкуренција кои досега ја освоиле оваа награда, објави Тера ТВ.

Признанието го доби за нејзината CNC машина за гравирање со ласер, која ја иновирала и конструирала сама. Настанот, пак, беше поддржан од Светската организација за интелектуална сопственист (Берин).

Инаку, Дивитарова е ученичка во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола. За да ја направи машината ѝ биле потребни речиси три месеци.