Битолчанка го препливува Охридското езеро, бара затворен базен во својот град

Млада битолчанка денеска рекреативно го препливува Охридското Езеро за да го сврти вниманието на јавноста во Битола кон потребата од изградба на затворен пливачки базен, пишува Охрид Њуз.

29-годишната Софија Бејковска Чачоровска, подвигот го започна претпладнево од Св. Наум, а околу 12.30 стигна до Трпејца. Таа е аматерски пливач, а се очекува со темпото со кое плива да пристигне на целта во центарот на Охрид после 18 часот.

Бејковска Чачоровска за Охрид Њуз изјави дека ова го прави првично за себе.

Инаку, таа работи како предметен наставник по латински јазик во средно училиште „Јосип Броз – Тито“ во Битола.