Битола е првиот европски град што се вклучува во глобалниот фестивал „Music Technologist“

Битола е првиот град во Европа кој ќе се приклучи со свои настани во глобалниот технолошко иновативен музички фестивал „Music Technologist“.

Станува збор за ткн. фестивал на музички идеи кој започна во Лондон во 2012 година, кога на едно место се собра целата музичка технолошка авангарда во еден екосистем, или изведувачи како Shazam, Spotify, Soundcloud, EMI, the BBC, Ninja Tune, Warp, WIRED, на кои им се приклучија бројни иновативни старт ап-и хакери и истражувачи , продолжи да прераснува во „движење“.

Покрај Лондон, ваков фестивал започна да се одржува и во Бостон, Берлин, Париз, за оваа година домаќини на настанот да биде Стохолм – Шведска ( 3-9 Септември) .

Битола ќе понуди 24 часовна програма на 08 септември во НУ Завод и Музеј Битола.

И овде целта е на едно место да се соберат: хакери, иноватори, бизнис и инкубатори и аксцелератори, социјални претприемачи, граѓански сектор, индустријата и секако музиката. Настанот ќе започне во сабота, 8 септември во 10 часот и ќе трае до наредниот ден.

Целта на овој глобаленфеномен е на едно место да се спојат; технолошките креативци, индустријата и бизнисот, социјалното претприемништво и прогесивната музичка уметност овозможувајќи синергија, размена на идеи, концепти,иновации , развој на нови продукти и нивна примена како во индустријата така и во социјалното претприемништво, уметноста и сл.