Биткоинот изгуби половина од вредноста преку ноќ

Со само еден потег, вредноста на дигиталната валута, биткоинот, падна за 50 отсто, на 540 долари. Падот го предизвика објавата дека најголемата кинеска берза BTC престана да прифаќа јуани поради новодонесениот закон против биткоините, јавува Guardian.

Биткоинот изгуби половина од вредноста преку ноќ

BTC престана да врши трансакции со јуани, бидејќи компанијата YeePay, која беше посредник во плаќањето, поради законите во Кина не може да продолжи да ја нуди оваа услуга. Кинеската централна банка одлучи дека биткоините не се доволно заштитени и поради ова немаат „вистинско значење“. Биткоините се дозволени во Кина, но монетарните власти ги предупредија корисниците дека сами се одговорни за можните загуби. Овој пример покажува дека иако дигиталната валута е целосно децентрализирана, сепак не е целосно независна од одлуките кои се носат на големите пазари.

Забраната за купување на биткоини со јуани ги оневозможи кинеските инвеститори да купуваат од дигиталната валута, а со тоа се намали и интересот. Покрај ова, биткоините и пред овој пад не беа премногу стабилни.

Извор: It.com.mk