Битката за Алепо заврши, бунтовниците и армиите се договорија на примирје

Воените акции во источно Алепо завршија, објави рускиот амбасадор на Обединетите нации. Виталиј Чуркин и трупите на сирискиот режим ја вратија контролата на последните области од градот кои претходно беа под опсада од бунтовниците.

Зборувајќи на итна сесија на Советот за безбедност на ОН во вторникот, Чуркин изјави: „Според најновите информации кои ги добивме во изминатиот час, воените акции во Алепо завршија.

Цивилите можат да останат или да одат на безбедни места, може да ги искористат хуманитарните договори кои моментално се спроведуваат. Никој нема да им наштети на цивилите“.

Бунтовниците се очекува да заминат денес, а како што пренесуваат медиумите, тоа може да биде последен удар кој ќе ги уништи нивните изгледи за симнување на Башар ал-Асад од власт.

Последниот развој може да стави крај на повеќе од четири години битки за градот, кој е разоруван од граѓанската војна од 2012 година.

Доколку паравоените сили кои се лојални на Асад повторно го опколат целиот град, што се чини веројатно, тоа ќе биде најголема победа на сирискиот претседател во повеќе од шест години војна.

Јавувањата за примирјето доаѓаат откако Обединетите нации јавија за масовни убиства на провладини сили денеска, со грижи за безбедноста на цивилите, откако војниците наводно влегле во домовите и убиле голем број цивили во текот на нивното напредување на бунтовничката територија.

Директорот на одделот за човекови права на ОН, Руперт Колвил, вели дека шест различни извори потврдиле дека 82 цивили биле застрелани во четири различни соседства преку ноќ во понеделникот. Меѓу нив имало и 11 жени и 13 деца.