БИРН: „Скопје 2014“ чини 560 милиони евра, седумпати повеќе од предвиденото

Цената на новиот изглед на Скопје, претставено преку базата на податоци „‘Скопје 2014’ под лупа“ и официјална документација, од првично најавените 80 милиони евра, има скокнато на над 560 милиони евра, a од првично најавените четириесетина споменици и објекти се стигнало до над 130, покажува истражувањето на БИРН, Балканската мрежа за истражувачко новинарство.

Од околу четириесет промовирани нови споменици, фасади, скулптури и објекти во 2010 година за проектот „Скопје 2014“, до 2015 година се изградени тројно повеќе.

Цената на новиот изглед на Скопје, според истражувањето на БИРН, претставено преку Базата на податоци и официјална документација, од првично најавените 80 милиони евра, има скокнато на над 560 милиони евра.

БИРН го спроведуваше истражувањето повеќе од осум месеци, користејќи податоци добиени според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, од веб-страницата за јавни набавки, ревизорскиот извештај за „Скопје 2014“ и од отчетот на Владата, општината Центар и Министерството за култура што беше даден во 2013 година, веднаш по локалните избори.