БИРН Македонија го отвори четвртиот конкурс за истражувачки стории

Балканската истражувачка репортерска мрежа во соработка со Центарот за граѓански комуникации и Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија го отвори четвртиот повик за истражувачки стории.

БИРН Македонија го отвори четвртиот конкурс за истражувачки стории

Најмалку пет новинари ќе бидат избрани и ќе добијат финансиска поддршка за истражувачки стории. По овој четврти повик во рамки на проектот понатаму ќе следат уште повици за најмалку 40 стории.

Новинарите ќе имаат период од три месеци за да ги завршат истражувачките стории, но истовремено ќе имаат можност да работат со искусни уредници како ментори кои ќе ги водат низ процесот на пишување според стандардите на БИРН.

Темите ги опфаќаат следниве области: здравство и права на пациенти, културна политика, образование и млади, човекови права, интеграција во ЕУ, добро владеење, меѓуетнички односи, екологија, маргинализирани групи и квалитет на живот.

Крајниот рок за пријавување на конкурсот е 26 мај, а формуларот за пријавување може да го преземете овде.

Повикот е дел од „Проектот за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанското општество“ дел од Програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија.