Бил Гејтс предлага даноци за роботи за зачувување на работните места на луѓето

Американскиот милијардер и основач на „Мајкрософт”, Бил Гејтс, очекува во блиска иднина да се воведат посебни даноци за роботи, кои би придонеле за зачувување на работните места на луѓето.

„Благодарение на оваа идеја дека роботите ќе ни помагаат да произведуваме повеќе стоки и услуги со помалку човечка работна сила, ние престанавме да ја гледаме работата како единственото нешто за коешто сме се родиле. Тоа води кон прашањето и за забавување на процесот на автоматизација“, нагласи милијардерот.

Според него, не треба да се дојде до целосна замена на луѓето со роботи на нивните работни места.

„Предметот на оданочување обично е капиталот или работната сила, а роботот е вид капитал“, додава Гејтс.

Тој оцени дека тоа нема да значи забрана на производството на хуманоидни роботи и на организацијата на производството, во кое тие учествуваат. Системот за даноци ќе биде обмислен така што претприемачите ќе сакаат да ја земат предвид можноста да вработат и луѓе.