„Bike ON“ – Критична маса денес во Струга

„Струга вози на 9-ти март, зграби велосипед и придружи се“.

Ова е мотото на настанот „Bike ON – Critical Mass“ кој денес (понеделник) во 12 часот ќе се организира во Струга, каде велосипедисти ќе се соберат кај општината.

Според организаторите „Лоја“ и „Комбинати“, додека луѓето се соберат за настанот, ќе има музика и уметнички активности за деца. Возењето ќе почне од пред општината, па ќе се движи кон „Марк Енгелс“ во правецот на градската плажа за да продолжи до Мостот на поезијата, а потоа до Булеварот.

„Настанот ќе заврши на Струшкиот мост во центарот на градот. Во некои делови на градот, ќе бидат поставени симболични импровизации, потенцирајќи ја потребата да се создадат простори и услови за паркирање на велосипедите во градот“, велат организаторите.

Тие потенцираат дека активноста е со цел да ги запознае луѓето за позитивните ефекти од користењето велосипеди, меѓу кои: здравствени аспекти, побрза и поевтина подвижност во градот, намалување на загадувањето на воздухот и друго.

„Второ, да ја зголемиме свеста на возачите повеќе да внимаваат на патот. Во Струга е многу неопходно да се создаде култура на сообраќај и да се почитуваат сите учесници во сообраќајот. Трето, да ги натера институциите да одговараат на исполнувањето на барањата можност за возење на велосипед! Струга треба да обезбеди повеќе места каде луѓето ќе можат да ги паркираат своите велосипеди, има потреба од патокази и пред сè повеќе велосипеди“, се вели во најавата од велосипедската Критична маса во Струга.