БиХ: Се извинувам што конкурирав за владин приправник како најдобар студент

Мостарката Фатима Хусејиќ Мемиќ е добар пример за тоа како властите во Босна и Херцеговина ги третираат младите и образовани луѓе. По успешното дипломирање на универзитетот во Мостар, таа е меѓу најдобрите студенти на Машинскиот факултет, пишува Fokus.ba.

По дипломирањето веднаш почнала да бара работа, но не било потребно долго време за да сфати дека живее во држава во која знаењето, посветеноста и упорноста не се ценат.

Фатма аплицирала на конкурсот за практиканти во Владата, надевајќи се дека поради стручната спрема и високиот просек, ќе биде еден од 100 кандидати чие име ќе биде на листата примена. Но, тоа не се случило. Затоа, одлучила да и се извини на Владата  што воопшто конкурирала за практикантската позиција, а текстот го поставува на својата страница на Фејсбук, заедно со дипломите и бројните награди добиени во текот на многу успешни студии.

„ Најлошиот кандидат за приправник во Владата

Се извинувам што воопшто се пријавив на конкурсот и ви одземав една минута да ги отворите и пролистате моите документи, кои како доказ ги приложувам овде.

 

Се извинувам и што сум добитничка на Ректоровите награди и студент со најдобар успех.

Завршив мастер студии со просечна оценка 9.66, а вие избравте колешка кој ниту завршила мастер, ниту го има наведениот просек, ниту пак има Ректорови награди. Би сакала да знам по која основа, да ја видам нејзината документација, но и тоа право ми е скратено.

Што да кажам…да не беше тажно, ќе беше смешно!

Се е по законот!!!“, се вели во нејзината објава на ФБ.