„Биди мои очи“ – програма со 180 јазици за лица со оштетен вид во 150 земји

Неколку милиони корисници на паметни уреди им помагаат на луѓето со оштетен вид во 150 земји во светот, на 180 јазици.

Тоа се спроведува преку апликацијата наречена „Биди мои очи“(Be my eyes).

Програмата гo поврзува лицето на кое во моментот му треба помош со доброволците од целиот свет, и тоа во форма на видеоповик.

Кога некој ќе побара помош, согласно временската зона и јазикот, сите расположливи доброволци добиваат повик, па оној кој во тоа време е слободен, ја презема задачата и одговара на повикот.

Доброволец може да биде секој што ќе ја преземе апликацијата на својот паметен уред.