„Би-Би-Си“ ќе емитува шоу со анимирана верзија од Путин како водител

Британската телевизија „Би-Би-Си“ најави дека наскоро ќе почне со емитување на забавно шоу кое ќе биде водено од компјутерски анимирана верзија на рускиот претседател Владимир Путин. Тој ќе оди наоколу, седи зад биро и интервјуира гости пред публика во живо, благодарение на технологија на снимање перформанси.

Шоуто за почеток ќе има две емисии кои ќе траат по 12 минути. Креаторот е Џаспер Гибсон, додека карактерот на Путин ќе биде напишан и одигран од комичарот Натаниел Тепли.

Карактерот, заедно со целиот концепт на шоуто, беше силно критикуван од Рускиот медумски сервис RT (Russia Today). Тие изјавија дека ова е само „дистописки кошмар ископиран од Нетфликс серијалот „ Black Mirror“.

На ова „Би-Би-Си“ одговорија дека „треба да заборавиме на светската политика и да се фокусираме на ова наскоро најпопуларно шоу како една голема победа на Влад, лидерот на слободниот свет“. Тие го опишаа Путин како „омилениот борец со мечки на сите луѓе“.

Се уште не е најавено кога точно ќе биде премиерата на ова толк шоу, но авторите се надеваат дека ќе го достигне врвот на британската сатирична сцена.