[Бесплатно преземање] June – Someday Soon

Албумот “Someday soon“ на скопскиот состав June беше објавен во јуни 2012 и е првиот албум издаден под капата на Радио МОФ. Вокал и акустична гитара – Бојана Низамовска, гитара и пратечки вокали – Филип Арсов, бас гитара – Данчо Поповски, тапани – Гоце Наумов и како гостин клавијатурист – Огнен Анастасовски. Снимањето и миксот го направи Ненад Трифуновски, а мастерингот Ивица Јанкуловски.

Место на овој албум најдоа 10 песни, кои сите се авторски дела на бендот. По првото преслушување, веднаш станува јасно дека не е нешто комерцијално, туку е нешто сосема поразлично, поинтимно. Прекрасната симбиоза на емоциите, кои едноставно извираат како вода од секој од текстовите, се должи на професионалниот аранжман на целиот албум.

Ова е еден од оние носачи на звук кој дефинитивно треба да се најдат во домашната колекција. Единствено прашање кое остана отворено по преслушувањето е: кога ќе излезе следното издание на June?  Можеби и насловот на нивниот албум ни го дава одговорот. Someday soon. Дотогаш, албумот можете да го преземете ексклузивно на веб-страницата на Радио МОФ

 

Преземете го албумот на June. (37 MB)