Бесплатно предавање за „меки“ вештини

Студенти при Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје организираат бесплатно предавање за стекнување на „меки“ вештини (soft skills). Предавањето ќе се одржи утре (11 мај), во 18 часот, во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

Гостин-предавач ќе биде новинарот и водител на „24 вести“, Огнен Јанески, кој ќе зборува за комуникациски и презентациски вештини, говорот на телото и карактеристиките на еден лидер. Влезот е слободен.