Бесплатно предавање „Finance for Non-finance” со Данчо Димков

Младински образовен форум ве кани на бесплатното предавање „Finance for Non-finance” со Данчо Димков, што ќе се одржи на 22 април. Предавањето започнува во 18 часот во Јавна соба (ул. 50 Дивизија бр.22) и ќе биде на македонски јазик.

Ќе имате можност да научите повеќе за:

  • Корисници на финансиски информации
  • Основни финансиски поими (приход, трошок, профит, загуба)
  • Директни и општи трошоци фиксни и варијабилни трошоци
  • Платите како трошок
  • Амортизација – што е и како се користи/пресметува?
  • Видови на приход
  • Предвидување на план на продажба

Данчо Димков е сериски претприемач со докажано искуство во започнување на бизниси, како и помагање на други стартапи и мали и средни претпријатија. Академски, тој е М-р за Претприемништво и ExMBA за Mенаџмент. Комбинирајќи искуство и академско знаење, во 2016 година ја основа консултантската компанија за менаџмент BizzBee Solutions – која поддржува 200+ претприемачи и стартапи.

Предавањето е дел од проектот „Ангажирање на приватниот сектор во образование за претприемништво“ кој во државата се спроведува од страна Младински образовен форум (МОФ) и Институт за европска политика (ЕПИ), со поддршка од Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).