Бесплатни тренинзи за млади за планински велосипедизам

Велосипедскиот клуб „Енерџи“ упати повик за млади на возраст од 11 до 18 години за учество во проектот „Вело план“.

Станува збор за програма која опфаќа неколку тренинзи за совладување на дел од техниките на планинскиот велосипедизам кои ќе финишираат со трка на веќе проверената патека на Гази Баба.

Од клубот информираат дека учеството е бесплатно, а проектот е поддржан од Град Скопје со програмата за млади за 2019 година.

Пријавувањето е на мејл адресата: info@energi-cycling.mk до 31.10.2019 година.