Бесплатни прегледи за мерење на дишната функција во „Капитол мол“

По повод светскиот ден за хронична опструктивна белодробна болест – ХОББ, 21-ви ноември, кој се одбележува под мотото ,,Никогаш не е прерано, никогаш не е предоцна”, ќе се одржат бесплатни прегледи за мерење на дишната функција.

Прегледите ќе се изведуваат во период од 11.00 до 14.00 часот во „Капитол мол“.

Од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза велат дека овој настан е од особена важност за да се испрати  порака до населението на Република Македонија за важноста на препознавањето на оваа болест.

Оттаму додаваат дека еден од најголемите ризик фактори за појава на ХОББ е пушењето, но и начинот на живеење или животната средина.