Бесплатни курсеви за странски јазици за млади невработени лица

Почнаа бесплатните курсеви по англиски, германски и француски јазик за невработени лица до 29 години што ги обезбеди Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ).

Како што соопштија од АВРМ, се уште има место за пријавување при што е предвидено бесплатна обука да добијат 1.000 лица. Курсевите започнаа на 1 јули и сега ги следат 255 кандидати, од вкупно пријавените 818 лица. За старт на секој курс, неопходно е да има по најмалку 10 лица во групата. ­

Бесплатното изучување на еден од овие три странски јазици опфаќа 30 часа од по 90 минути. Пријавувањето може да се врши во 30­ центри за вработување низ државата.

Од 2011 до 2015 година слични курсеви за странски јазици поминале 5.325 кандидати. ИТ обуки, пак, засега посетуваат 180 млади од кои, 58 со поддршка на буџетски средства, а останатите со помош на средства од ИПА. За давата типа обуки, ИКТ и странски јазици, обезбедени се 100.000 евра или по 100 евра за секој кандидат.