Бесплатни часови по лизгање на Плоштад Македонија

Од утре на лизгалиштето на Плоштад Македонија граѓаните ќе може да се обидат да научат да лизгаат на мраз. Хокеј Федерацијата ќе обезбеди бесплатни часови за почетниците, како дел од програмата на новогодишната населба „Винтерленд“.

Часовите ќе се одржуваат секојдневно во два термини: од 11 часот претпладне и од 20 часот навечер.

Бесплатните часови ќе бидат организирани за групи до 20 пријавени лица, на кои ќе им држат обуки двајца професионални инструктори.

Заинтересираните за бесплатни часови по лизгање може да се пријавуваат секој работен ден во Информативниот центар на Град Скопје од 9 до 16 часот на телефонскиот број (02) 3297-255.

Новогодишната програма и „Винтерленд“ се финансиски поддржани од Делегацијата на Европската Унија која го обезбеди бесплатното лизгалиште „ЕУ за тебе“ што е поставено на плоштадот Македонија како дел од новогодишната населба.