Бесплатен влез на утрешниот фестивал „Скопје Гори“

Фестивалот „Скопје Гори 2013 – Made in Macedonia Edition“ ќе се одржи утре во “Експо Центар” – (eкс дискотека Колосеум – железничка станица), најавуваат од Авалон Продукција.

Бесплатен влез на утрешниот фестивал „Скопје Гори“

Со фестивалот ќе биде пуштена во употреба новата концертна сала во Скопје.

Почетокот на „Скопје Гори“ е закажан за 21 часот, а ќе настапат Last Expedition, Ареа, Нокаут, Steel Temple и Eye Cue.

„Би сакале да напоменеме дека ова ќе биде последно излегување на сцена на еден од нашите најдобри бендови во самостојна Македонија – Last Expedition и вистинска можност нивните фанови за последен пат да ги испеат во живо хитовите: ”Шефе”, ”Ќелав Дабар”, ”За нас нема крај”, ”Немоќен и чуден”, ”Далеку си” и многу други“, велат од Авалон.

Влезот на фестивалот ќе биде слободен.