Бесплатен превоз за сите скопски ученици, независно од оддалеченоста на домот од училиштето

Бесплатниот превоз за учениците во Скопје продолжува и во новата учебна година. Новина е тоа дека ќе важи за сите ученици во средните училишта на Градот Скопје независно од оддалеченоста на местото на живеење од училиштето во кое учат.

„Досега бесплатен превоз користеле околу 20 илјади ученици кои живеат на повеќе од 2,5 километри оддалеченост од училиштето во кое учат. Од оваа учебна година бесплатен превоз ќе можат да користат дополнитело над две илјади ученици, односно сите ученици без исклучок“, најави скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Тој информира дека дополнителните средства за бесплатниот превоз на ученици се обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2018 година како дел од Програмата за активностите на градот за средното образование.