Бесплатен онлајн курс „Социјални медиуми за новинари“

Бесплатен онлајн курс „Социјални медиуми за новинари“Најт-центарот за новинарство во Америките нуди нов масовен отворен онлајн курс насловен „Социјални медиуми за новинари: Основи”. Овој бесплатен курс кој ќе се организира на англиски јазик почнува на 3 февруари и ќе трае до 9 март годинава, објави mk.globalvoicesonline.org.

Курсот на студентите треба да им даде преглед на користењето на социјалните медиуми во новинарството и најдобрите практики за пронаоѓање и дистрибуција на вести со овие алатки. Учесниците ќе научат за најдобрите новинарски употреби на професионални профили на Фејсбук и Твитер, каде да најдат извори и идеи за стории за социјалните медиуми, како да ги верификуваат информациите и други етички прашања, како да култивираат публика и бренд, како и како да развијат стратегија за содржини и да го мерат успехот на социјалните медиуми.

Повеќе информации за курсот и за начинот на регистрација се наведени тука.