Бесплатен маратон во велешкиот театар

Со мини театарски маратон завршува овогодинешната манифестација „Велес град на културата“. Четири претстави од тековниот и една од стариот репертоар на велешкиот театарски ансамбл ќе се одиграат на двете сцени од 25-ти до 29 декември, кога и официјално завршува културната манифестација, јави порталот Дума.

Маратонот почнува во сабота со театарската претстава „Спанаќ со пржени компири“. Во недела по пауза од година и пол на сцената се враќа претставата „Ноќите во бел сатен“. На малата сцена во понеделник ќе се одигра претставата „Класен непријател“, во вторник „Приказни од шестиот кат“ и во среда за најмладите, со почеток од 18 часот велешките актери ќе ја одиграат претставата „Волшебната шума“.

Љубителите на театарот ќе можат бесплатно да ги проследат претставите, а билетите можат да ги подигнат секој работен ден од 10 до 14 и од 18 до 20 часот.