Беса Арифи: Ни требаат жени што ќе му пркосат на шовинизмот

„Сите ние можеме да бидеме промената којашто ја посакуваме во светот, или можеме да бидеме една од тие жени што му пркосат на шовинизмот, на конформизмот и сакаат нешто повеќе во нивните животи“, рече универзитетката професорка Беса Арифи на овогодинешното издание на ENGAGE.

За време на нејзината презентација насловена „Жените во политиката“, Арифи зборуваше за вечната борба со шовинизмот и конформизмот, за статусот на жените во општеството, но и за борбата за повеќе права.

„Во секоја држава постојат мажи кои знаат што е добро за жената, кои политки се најдобри за нејзе и едноставно носат одлуки во нејзино име, а коишто многу значат за нејините права. Кога жените се спротивставуваат на тоа, власта може да ги нарекува со различни имиња, како што беше кај нас – хулиганки. Има и жени кои се дел од политиката, но кои не работат за правата на жените, туку за правата на партијата што ги носи на власт“, рече таа.

Според неа, за жените да успеат во политиките кои тие ги прават,  и за тие политики да бидат навистина позитивни за нивните права и нивното унапредување, жените мора да покажуваат компетентност, да покажуваат упорност во свето работење, но и да бидат солидарно поддржани од сите други жени и слободумни граѓани.

Целиот говор на Арифи на ENGAGE 2017, конференцијата за друштвена активизам, погледнете ја во видеото во продолжение: