Bernays Propaganda со прес промоција на ЕР-то „Ништо нема да не раздели“

На 19 декември во Апотека во Младински Културен Центар, од 12 часот, Bernays Propaganda ќе се дружат со публиката и новинарите додека се слуша новото EP, „Ништо нема да не раздели“ и ќе одговараат на прашања на присутните.

Презентер на промоцијата ќе биде Тошо Филиповски, авторот на Македонската рок енциклопедија.

Проширеното издание на „Ништо нема да не раздели“ ќе излезе на 12 декември за: Moonlee Records, Geenger Records, Pop Depression // Pop Depresija и Balkan Veliki Балкан Велики. Има 3 песни снимени во Studio 1060 со новата постава која покрај Кристина Горовска, Васко Атанасоски и Дени Крстев е засилена со Раде Јордановски и Кристијан Лафазановски, а како гости се појавуваат Тони Китановски и Mike Watt.

EP-то е најава за новиот албум „Втора младост, трета светска војна“.