Бербер прави бесплатни фризури на деца што му читаат на глас

Бербер од Ајова, САД разви креативен начин со за да ги натера децата да читаат. Courtney Holmes, понуди бесплатно потстрижување за децата кои му читаат на глас додека се во неговиот салон, објавија повеќе американски медиуми. Иницијативата е дел од настан за враќање на децата на училиште и Holmes се надева дека преку неговиот проект ќе им помогне на учениците да ги подобрат своите вештини за читање.

„ Децата ќе влезат внатре и јас им велам – оди до масата и земи ја книгата што ти се допаѓа, а ако не можеш да ја прочиташ, јас ќе ти помогнам да ја разбереш и можеме да ја читаме заедно“, вели креативниот бербер.

Неговата иницијатива која промовира рана писменост, ја работи во соработка со повеќе организации.

„ Одлично е.  Сите овие деца сакаат да имаат добра фризура пред да тргнат на училиште“, бели Caitlin Daniels, координатор во една од организациите кои ја поддржуваат ваквата иницијатива.

„Тие плаќаат со читањето“, додава Daniels.

Голем број граѓани, поддржувачи на настанот, испратија детски книги во салонот на Holmes.Сега тој се обидува, ваквите настани да ги  организира барем еднаш месечно, за да допрат до поголема група ученици.