Бенкси нацрта нов мурал, девојче кое си игра со хулахоп од расипано тркало

Графити уметникот Бенкси потврди уметничко дело што се појави во Нотингем е создадено од него. На ѕидот пред салон за убавина, се гледа девојче како врти хулахоп направен од гума за велосипед. До муралот, се наоѓа и велосипед на кој му недостасува задното тркало.

Сепак, додека јавноста погодуваше дали делото е на Бенкси, во ироничен пресврт, врз него беше испишан нов графит во црна боја, кој пото беше отстранет.

Сликата од делото беше објавена на Инстаграм на Бенкси во саботата наутро. По потврдата дека тој е авторот, луѓето почнаа да пристигнуваат за да им бидат направени фотографии со уметничкото дело.

Експертот за „Бенкси“, проф Пол Гох, од Универзитетот за уметности, за Би би си изјави дека е „навистина задоволен“ од работата на уметникот.

Зборувајќи за значењето што стои зад уметничкото дело, тој рече: „ Интересно е. Последните четири или пет [парчиња на Бенкси] беа поврзани со Ковид или нешто поврзано со вестите. Ова е многу поприсебно и многу повеќе од моментот. Ова е некој кој ужива.

„Можеби тоа е пораката:„ живееме во тешки времиња, ајде да се обидеме да го искористиме најдоброто и да се забавуваме со нешто што е расипано “.

Бенкси започна да слика на возови и sидови со спреј во неговиот роден град Бристол во 90-тите години на минатиот век, и многу време оставаше свои уметнички траги низ целиот свет.

Тој е познат по тоа што ги исмејува големите компании и испраќа политички пораки преку својата работа.