Белопета: Културата не смее да застане

Пандемијата ја откри инертноста на институциите од културата кои не направија многу за да се прилагодат на новите услови, вели Оливер Белопета, директорот на Скопскиот џез фестивал. Со него,  ResPublica разговараше за запоставената едукација за негување на културните и општествените вредности, за неопходното ново руво на Универзална сала…

Интервјуто се совпаѓа со исчекувањето на владините протоколи за одржување концерти и претстави во затворен простор, додека во истовреме течат сериозни подготовки на следното издание на препознатливиот џез фестивал.