Бели рози во Вардар за мобилизација против насилството врз жените

Со пуштање бели рози во водите на Вардар, амбасадорите на земјите членки на ЕУ и претставници на други меѓународни организации се обидоа симболично да ја пренесат пораката дека жените во иднина треба да бидат ослободени од секаков облик на насилство.

Фото: МИА/Ф.Насковиќ

Фото: МИА/Ф.Насковиќ

Церемонијата во пресрет на 8 март ја организираше Делегацијата на ЕУ во Скопје. Како што истакна евроамбасадорот Аиво Орав, борбата против семејното насилство и другите форми на насилство против жените ширум светот е заедничка цел на меѓународната заедница“, изјави евроамбасадорот Аиво Орав.

Тој подвлече дека ова прашање навистина стои многу високо на агендата на ЕУ, благодарение на поддршката што ја добиваат од сите земји членки, меѓународната заедница, посебно на жените на ОН, како и на напорите кои се прават од земјите кандидати.

„Со пуштањето цвеќе во пресрет на Денот на жените 2014 година, Делегацијата на ЕУ сака да не потсети сите нас за важноста да останеме мобилизирани против сите форми на насилство, против жените ширум светот. Со пуштањето на овие бели рози во реката ние би сакале да ја покажеме нашата поддршка до сите девојки и жени кои се жртви на такво насилство и би требало да се ослободат од тоа насилство во иднина“, додаде амбасадорот Орав.