Белгискиот саем на уметноста BRAFA собра 130 галерии

Белгискиот саем на уметноста BRAFA, на кој 130 галерии ја претставуваат уметноста од најширокиот спектар, од археолошки локалитети до современи внатрешни инсталации, ќе биде отворен денеска, а ќе трае до 2 февруари во бриселскиот историски комплекс Tour & Taxis.

Саемот, кој првпат е отворен во 1955 година под името Brussels Antiques and Fine Art Fair (BRAFA, со текот на времето го менуваше фокусот од „антиквитети” во едноставно „уметност”. И тоа целосно се одрази врз општите тенденции, брзо растечкиот интерес за современите, во заднината на раштрканите по приватни колекции и повлечени од пазарите високо квалитетни старини. Приходите на помладата генерација колекционери, исто така, играа не мала улога во овој процес.

Саемот содржи сѐ што може да го побара ентузијастот од ткн „белгискиот дизајн”, како што е познат во светот на ентериерите, се вели во најавата на изложбата на интернет страницата на BRAFA. Во Белгија има интересен микс од навидум незграпни работи, како груби бетонски ѕидови со исклучителни детали – барокно огледало со раскошна рамка, античка статуа, исклучително скапи апстрактни слики. Или, напротив, стар замок со внимателно сочуваниот паркет што крцка и тавани исполнети со предмети на уште живи современи уметници како Анселм Рајли.

На овој саем по правило се претставуваат и повеќе галерии од други европски земји, а со нив се јавуваат и купувачите.

Така, на BRAFA во изложбата на мебел со поставки од почетокот на XVII век (од Galerie Florence de Voldere) содејствуваат современите комоди од црн абонос, грубите површини кои потсетуваат на површините на далечните планети (Carpenters Workshop Gallery). А, пак, поклопките во вид на глави од сфинги од ритуалните египетски садови од Средното царство (Galerie Cybele), со неодамна излиените скулптури на Александар Атанасиадес (од Galerie Dutko).

Изложени се и живописи, најголемите платна и во најголем број случаи на белгискиот арт-нуво. Познатите мајстори, како класиците, така и модернистите, на пример Хуан Миро и Салвадор Дали од барселонската галерија Galeria de Arte, се претставуваат, како по правило, со мали графички работи со прекумерни цени.

Познатите ремекдела на саемот BRAFA не можат да се сретнат. И тоа не е случајно, имено неговите организатори не се стремат да се натпреваруваат со другите европски саеми на уметноста. За своја силна страна тие ја сметаат комбинацијата на квалитетот (сите експонати пред денот на отворањето се подвргнуваат на оценување на експертските комисии кои ги отстрануваат предметите со сомнителен квалитет) со релативно ниска тема. На саемот, исто така, се прави обид да се задржи рамнотежата, така не постои доминација на некој дел, без разлика дали тоа е мебелот од арт-деко или нумизматиката, и, како што велат организаторите – тоа никогаш нема ниту да се случи. Сепак, забележително е што годинава посебен акцент е ставен на ткн tribal art племенската уметност, односно примитивната уметноста претежно на африканските племиња.

Галериите коишто се занимаваат со племенски артефакти, инаку на BRAFA традиционално се многу застапени, во прв ред како одраз на колонијалното минато на Белгија. Станува збор за маски, тотеми и други предмети, понекогаш со многу чудни и застрашувачки форми, кои сега изгледаат сосема „пристојно” во современите домови. Но, иако за особеноста на овие дивјачки статуетки зборувал уште Пикасо, таа не секогаш се покажува очигледна. Затоа, како специјален гостин на саемот ќе се претстави Кралскиот музеј на Централна Африка. Тој своето претставување го започнува со гигантско страшило во облик на жирафа и го продолжува со други егзотични експонати. Слични предмети, посиромашни и поминијатурни, ги красат ѕидовите на галериите како Didier Claes и Serge Schoffel.

Во истата категорија, „диви, но симпатични” се издвојува и експозицијата којашто потсетува на своевидна кунсткамера, на лондонската галерија Finch&Co. На неа ќе бидат прикажани двоглаво теле во спирит, или мумифицирани раце коишто ефектно се совпаѓаат со сериозните експонати како на пример статуетките на непалските лавови стражари.

Извор